Дома

Меѓународен Филмски Фестивал КинеНова 2018

КинеНова работилница за развој на сценарио за краток филм за промоција на новите македонски автори

И оваа година „КинеНова“ја продолжува веќе воспоставената традиција и по трет пат ја организира Работилницата за Развој на Сценарија за Куси Филмови. Би сакале да потсетиме дека за да се истакне духот и да се запази целта на овој фестивал, организаторите ја создадоа Работилницата за Развој на Сценарија за Куси Филмови. Оваа иницијатива има за цел да ја промовира и охрабри следната генерација македонски сценаристи и филмски работници, посебно оние кои се релативно нови во процесот на пишување сценарио.

Селектираните апликанти оваа година ќе имаат можност да учествуваат на 3 - дневна работилница за развој на кусо сценарио. Работилницата ќе ги опфати основите на пишување сценарио и развој на приказна. Сесиите ќе се состојат од презентации, групна работа и еден-на-еден состаноци.

На крајот на работилницата, филмската продукциска компанија FX3X ќе додели награда за најдобро сценарио. Со вредност од 3,000 евра, наградата се состои во користење на филмска опрема со цел кусото сценарио да се реализира во филм.


  • • Работилницата е посветена на македонски автори кои би сакале да изградат кариера како сценаристи за филм или ТВ
  • Ќе бидат селектирани 6 проекти. Напоменуваме дека крајниот рок го пролонгираме до 18 септември.
  • Резултатите ќе бидат објавени онлајн на 20 септември
  • • Од избраните кандидати се очекува да го потврдат своето присуство на работилницата до 25 септември
  • • Сместување и ваучери за оброк ќе бидат обезбедени, а учесниците ќе бидат пречекани при нивното пристигнување во Скопје. (Патните трошоци до и од фестивалот не се покриени)
  • Работилницата ќе се изведува на англиски јазик

ПОТРЕБНО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • писмо на намери (a letter of intent ) кое ја образложува мотивацијата на испратеното сценарио како и претходно искуство како сценарист и очекувања од работилницата.
  • премисата на сценариото во една реченица како и жанрот / вите на сценариото со синопсис не подолг од една страна
  • тритмент (кратко објаснување што се случува во секоја сцена)
  • копија од сценариото (не повече од 25 страници, уредно форматирано) кое може да биде и сценарио за анимиран филм
  • кратко CV на предложениот режисер и/или продуцент (забелешка: задолжително да се приложи со пријавата на апликантот. )

КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР:

  • мотивацијата на апликантот да улествува на работилницата
  • претходно искуство како сценарист
  • квалитет на примерокот испратен од апликантот

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • од учесниците се очекува да присуствуваат на сите сесии и да работат на своите проекти за време на работилницата
  • потребно е учесниците да ги прочитаат сценаријата на сите одбрани апликанти и да бидат подготвени за дискусија во групните сесии.

Потребните материјали да се испратат во WORD или PDF документ на е – мејл: john.r.d.stephens@gmail.com.Напоменуваме дека го продолжуваме рокот за аплицирање до 18 септември.
Ве молиме прикачете го сценариото во посебен документ